Кил без Сагосен во Келн – тешка повреда на Норвежанецот

Кил ќе биде значително ослабен во финишот на сезоната во најважните натпревари на завршниот турнир во Келн. Еден од носителите на играта, Сандер Сагосен заработи тешка повреда.

Сагосен на натпреварот во Бундес лигата против Хамбург уште во деветата минута го заврши дуелот на најлош можен начин. При едно движење во напад средниот бек на Кил падна на подлогата држејќи се за долниот дел на левата нога а потоа беше изнесен од теренот.

Првичните прогнози на медицинскиот тим на Кил се дека Сагосен има скршеница на скочниот зглоб и скинати лигаменти што потоа е потврдено. Ова е доста сериозна повреда која највероатно ќе го одалечи од терените во следните шест до осум месеци.

Норвежанецот сигурно ќе го пропушти завршниот трунир во Келн и финишот на сезоната во Бундес лигата каде што Кил се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.