Кизиќ ќе брани за Драчево во сè посилната Прва лига

Поранешниот голман на Вардар и на Пролет, Никола Кизиќ е новиот „чувар на мрежата“ на тимот на Драчево, кој во следната сезона одново ќе биде во трка за пласман во Супер машката лига.

Драчевци ангажираа искусен голман, кој треба да донесе поголема стабилност на одбраната и сигурно ќе биде од големо значење неговото искуство.

Кизиќ неколку месеци беше без ангажман, па сега се враќа на терените и во Драчево ќе треба да покаже дека и понатаму може да биде во добра форма.