Кизиќ: Ова беше важна победа, докажавме дека и понатаму имаме квалитет

Најмладиот од голманската тројка на Вардар, Марко Кизиќ доби шанса во последните 15 минути и докажа дека заслужува многу повеќе време на теренот и поголема доверба со оглед на тоа што запре пет удари и помогна во новата победа.

Неговите одбрани дојдоа во важен период од средбата така што имаше голем удел во освојувањето на новите бодови.

„Ова беше многу важен натпревар за нас за да можеме да се вратиме на 2. место во табелата. Иако беше тешка средба, сепак, игравме дома и тоа ни даде предност и многу голем мотив. Одиме и понатаму во висок ритам и ова беше средба на која докажавме дека и понатаму имаме квалитет“, коментираше Кизиќ на пресот после натпреварот.