Кизиќ: Не знам што да кажам, поведовме, но се случи нешто и….

Ракометарите на Вардар не успеаја да стигнат до прва победа во 2021 година во Лигата на шампионите.

Иако водеа со плус четири, сепак на крајот мораа да се задоволат само со бод против норвешкиот првак Елверум.

Голманот Марко Кизиќ имаше 12 одбрани и беше клучниот човек кога Вардар ја градеше предноста во вториот дел.

„Прво полувреме лошо игравме во одбраната особено, и затоа примивме многу голови во првиот дел. Во вториот дел одбраната беше поцрвста, јас одбранив неколку удари, поведовме, но се случи нешто и не знам што да кажам. Не успеавме да го одбраниме последниот напад, пројде таа топка и заврши мечот“, вели Кизиќ.

Следниот натпревар на Вардар во ЛШ ќе биде исто така против Елверум на 24 февруари во Скопје.