Кизиќ блескаше на голот, Еурофарм Пелистер го совлада Целје

Тимот на Еурофарм Пелистер стартуваше победнички во новата година, откако на подготовките славеше на првиот пријателски натпревар.

Битолчани триумфираа против словенечкиот Целје со 32-30, а најдобар играч на теренот беше голманот Марко Кизиќ.

Чуварот на мрежата собра 11 одбрани и успеа да постигне еден погодок на натпреварот против „пиварите“.

Периќ беше најдобар стрелец со девет гола, Табоада даде шест, четири пати погоди Обрадовиќ.

Во битолскиот тим недостигаа Радовиќ, Мандалиниќ, Маџовски и Маркоски поради повреди, додека Мараш игра на ЕП.

Избраниците на Жељко Бабиќ ќе одиграат уште две пријателски средби, против Сесвете и Загреб на 26, односно на 28 јануари.