Келце ќе ја предизвика Барселона во полуфиналето на Супер Глоуб

Двете екипи кои играа во финалето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во минатата сезона, Барселона и Келце, ќе се сретнат во полуфиналето од Супер Глоуб турнирот, кој се одржува во Саудиска Арабија.

Полскиот шампион Келце по денешниот триумф над Таубате со 39:30 заврши како првопласирана екипа во групата Ц и за противник во полуфиналето ја доби Барселона, која исто така заврши на првото место во рупата Д, откако забележа две лесни победи над Министрос и Есперанца Тунис.

Полуфиналните натпревари од Супер Глоуб турнирот се закажани за в сабота. Келце и Барселона ќе играат во терминот од 19:30 часот.

Во второто полуфинале ќе играат првопласираните екипи од А и Б групата, а најверојатно тоа ќе бидат Бенфика и Магдебург.

Актуелен бранител на титулата е екипата на Магдебург, која во ланското финале ја совлада Барселона со 33:28.