Келце се сели – натпреварите од ЛШ ќе ги игра во друг полски град

Како што објави градот Келце, потпишан е договор со компанија која ќе ја проширува салата во кој што игра ракометниот клуб Келце. За оваа цел градот ќе потроши околу 12 милиони евра.

Келце веќе има во комбинација повеќе градови каде што би ги играл домашните натпревари. Во игра се Радом, Шчечин, Варшава , Гливице и Краков каде што ракометарите на Келце би можеле да се преселат.

„Проширувањето на Сала Легионово е многу важна инвестиција. Благодарение на ова ќе се зголеми можноста за организирање големи спортски и спектакуларни настани на ова место. Објектот ќе ги исполнува важечките насоки на ЕХФ и ИХФ. Сакаме салата да биде целосно функционална и прилагодена на потребите на лицата со посебни потреби“, – вели градоначалникот на Киелце, Богдан Вента.

После проширувањето Легион ќе има капацитет 6.022 места. Во овој момент максималниот капацитет со местата зад головите изнесува 4200 седишта, а без нив е 3100 места. Се предвидува намалување на теренот и дополнување на места за седење поблизу до теренот, а колку ќе трае реконструкцијата останува да видиме, но јасно е дека натпреварите од Лигата на шампионите ќе се играат во друг град.