Келце на пат кон Скопје, доаѓаат и Кулеш, Гебала, Фернандез…

Европскиот шампион Вардар го очекува двобојот со полскиот првак Келце во рамките на седмото коло од Лигата на шампионите. Полјаците треба да пристигнат во Скопје во текот на денот.

Тренерот на гостите, Талант Душебаев ќе смета на Томаш Гебала и Анхел Фернандез, кои беа позитивни на коронавирус.

Во стројот се врати и белорускиот лев бек Владислав Кулеш, кој ќе биде веројатно во ростерот, но нема да биде премногу користен.

Душебаев реши во Скопје да не ги поведе левото крило Сиргуел, голманот Корнецки, пикерот Качор, а одамна не смета на повредениот Трастарсон.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.