Келце го освои Фленсбург

По поразите од ПСЖ и од Порто, полскиот првак Келце славеше на гостувањето кај Фленсбург со 25-33 во 11 коло од Лигата на шампионите.

Во првиот дел избраниците на Талант Душебаев го диктираа темпото и ја имаа контролата на теренот. Водеа во неколку наврати со четири гола разлика, но на пауза се замина со 12-14.

Во второто полувреме Фленсбург немаше многу шанси. Келце набрзина се одлепи на 12-16, на десетина минути до крајот имаше и плус пет, па само рутински го приведе натпреварот до крајот.

Најефикасни кај гостинската екипа беа Нахи и Карачиќ со по шест погодоци, а кај Флензбург се истакна Јакобсен со шест погодоци.

Голманите на двете екипи имаа забележителни настапи – Бенјамин Буриќ имаше 11 одбрании, додека Андреас Вулф собра 16 интервенции.