Квалификации за СП: Израел и Белгија со важни бодови, на пат кон бараж

Новите натпревари кои беа одиграни од квалификациите за Светското првенство донесоа победи за селекциите на Израел и Белгија со што беа обезбедени важни бодови за триумф и подобра позиција на табелата во групите во кои се наоѓаат.

Репрезентациите се во трка за бараж, па затоа деновиве ги користат за освојување на повеќе бодови бидејќи ќе мораат да се позиционираат на едно од првите две места во четирите групи.

Белгија имаше интересен натпревар против Турција во кој успеа да се избори за висока победа откако во текот на целата средба беше во предност. После 17:13 на крајот од првото полувреме, составот на Белгија во продолжение без проблеми дојде до триумф од 37:28.

Израел кој се подготвуваше против Македонија за овие квалификации дојде до победа од 42:31 против составот на Молдавија. Имаше 22:13 на полувреме и во вториот дел со ефикасна игра успеа да ја зачува високата позитива.

Утре се играат средбите Грција-Косово и Романија-Молдавија.