Кањелас се потсети на убавите времиња во Вардар – Секое доаѓање во Скопје за мене е специјално (ФОТО)

Шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелас во Вардар мина две сезони и освои една титула во Лигата на шампионите.

Вторпат гостува во главниот град како ривал, но напиша дека секое доаѓање во Скопје за него е специјално.

„Се враќаме дома со два бода. Секое гостување во Скопје е специјално, но денеска недостасуваа фановите. Се надевам дека ќе се видиме во некоја друга прилика. Фала Скопје“, напиша Кањелас.

Вардар и ПИК Сегед вториот меѓусебен натпревар ќе го одиграат в четврток со почеток од 18:45 часот.