Кањелас: Во Скопје се чувствував како да сум на врвот на светот

Шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелас две сезони беше член на Вардар, а беше дел од тимот што ја освои првата европска титула во 2017 година.

Сега тој игра за ПИК Сегед, а за ЕХФ ја раскаша неговата ракометна приказна и откри детали од престојот во Скопје.

„Во 2016 година кога се преселив во Вардар донесов вистинска одлука. Во Скопје дојдов со неверојатни достигнувања што веќе ги имав во мојата биографија, како освојувањето на Светскиот шампионат со Шпанија во 2013 година. Во Скопје, сите живеат и дишат за ракомет, малку чудно за еден главен град. Во 2017 година доживеавме неверојатна сезона. Направивме сè  како треба до Ф4 турнирот. Никој не веруваше дека можеме да го освоиме. Но, се чувствувавме добро и на крајот победивме. Сите ги шокиравме. Беше неверојатно. Имавме вистинска хемија. Ние го направивме тоа. Сами. Кога се вративме во Скопје, прославата беше нешто што не се опишува. Се чувствував како да сум на врвот на светот. Тука беше едно мало момче од мало село во Шпанија, кое славеше со стотици илјади фанови на сред плоштад во Македонија. Можете ли да замислите“.

Пред да дојде во Скопје, Кањелас играше за Грањолерс, Сиудад Реал, Хамбург и Кил.