„Кај нас платите не се исплаќаат на сметка, туку како во минатото – на рака“

Тренерот на турскиот клуб Кастамону, Костика Бучечи во интервју за романскиот gsp.ro зборуваше за амбициите на својот тим кој во пресрет на сезоната се засили со неколку црногорски ракометарки.

Кастамону доби вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите и сезонава ќе биде првито тим од Турција кој играл во групната фаза од најдоброто клупско женско натправарување.

„Кастамону е првиот турски женски тим што ќе игра во Лигата на шампионите. Дојдоа неколку искусни ракометарки, се надевам дека ќе го подобриме нивото особено на локалните ракомeтарки. Сигурен сум дека во иднина ќе направиме многу големи трансфери. Турскиот ракомет ќе оди напред и знам дека Кастамону сака да ја освои Лигата на шампионите. Околу 60-70% од буџетот е од градот, а останатите од спонзори. Сè уште не сум земал плата, девојките ми рекоа дека платата не доаѓа на сметка туку во готово исто како во минатото“, изјави Бучечи.

Кастамону одлично ја започна сезоната и веднаш освои трофеј во Супер Купот на Турција откако славеше против екипата на Измир.