„Каубоите“ останаа без сон – славеа до рано утро во македонски ресторан во Загреб (ФОТО)

Хрватската репрезентација загуби во финалето на Европското првенство од Шпанија со 22-20 и  само детали го решија победникот.

Сепак и сребрениот медал донесе многу радости кај навивачите, кои ги пречекаа своите херои во 1 часот по полноќ на загребскиот аеродром.

Главниот пречек ќе биде денеска во 12:30 часот на плоштадот „Бан Јелачиќ“, но по слетувањето во Загреб, ракометарите иако уморни решија да го прослават големиот успех.

Тие прославија до раните утрински часови во македонскиот ресторан во Загреб – „Свети Никола“.