Nexe - Vardar , SEHA Gazprom League, quarter final match, King Tomislav elementary school hall, Nasice, Croatia, 08.03.2020 Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Катарски репрезентативец ќе остане до крајот на кариерата во Нексе!

Вицешампионот на Хрватска продолжува со зацврстување на костурот на екипата. Нексе го продолжи договорот со пикерот кој е репрезентативец на Катар, Марио Томиќ до 2026 година.

После продолжувањето на договорот Томиќ истакна дека сака кариерата да ја заврши во Нексе, а иако имал понуди од многу европски клубови, сепак решил да остане во Нашице.

„Веќе три години сум во Нексе, а договорот го продолжив до 2026 година и слободно можам да кажам дека ќе останаме верен на овој дрес до крајот на кариерата. Во меѓувреме, имав многу понуди од други европски клубови, но не се гледав таму. Едната опција беше да заминам во Катар, а другата да останам во Нашице. После разговорот со претседателот на клубот одлучив да останам и тука ми е многу убаво“, изјави Томиќ за клупскиот сајт.

Освен за продолжување на договорот Томиќ го коментираше и животот во ова време на криза заради коронавирусот.

„Некој да ми кажуваше пред еден месец дека ќе биде вака сигурно ќе речев дека се шегува, но оваа ситуација го погоди целиот свет. Ова е нешто невидено до сега. Сепак, ние продолжуваме со индивидуални тренинзи за да ја одржуваме кондицијата и мораме да се прилагодиме на ваквиот начин на живот кој се надевам нема да трае уште многу“, рече Томиќ.

Марио Томиќ во кариерата има настапувано за Медвешчак, СисцИа, Ал Саад и Нексе. Член на репрезентацијата на Катар е од 2012 година, а годинава во Кувајт го освои златниот медал на шампионатот на Азија.