Карбеска и Илиева ќе судат на стартот на Лигата на шампионите

Македонската двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе бидат дел од првото коло во новата сезона од Лигата на шампионите.

Тие добија делегирање од Европската ракометна федерација на мечот од групата Б што ќе се игра во Полска.

Станува збор за пресметката меѓу полскиот првак Заглебје Лубин и словенечкиот шампион Крим Меркатор.

Овој натпревар се игра на 9 септември со почеток во 18:00 часот во салата „Видовисково Спортова“ во Лубин.