Карбеска и Илиева со нова задача во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натреварите од 12 коло во женската Лига на шампиони.

Македонската судиска двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе судат натпревар во романскиот главен град.

Тие се делегирани на двобојот меѓу романскиот шампион ЧСМ и хрватскиот првак Подравка Копривница.

Тој дуел ќе се игра на 6 февруари, а делегат ќе биде Бугарката Росица Димкова.

Карбеска и Илиева сезонава отсудеа одлично на сите натпревари на кои беа делегирани во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.