Карбеска и Илиева во акција, ќе судат натпревар од Лигата на шампиони

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за претпоследното коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу романскиот ЧСМ Букурешт и данскиот Есбјерг, а делегат ќе биде Романецот Дин.

Овој дуел треба да се игра на 6 февруари во салата „Поливалента“ во Букурешт од 18:00 часот.

Групната фаза во елитното натпреварување во женска конкуренција треба да заврши на 14 февруари.