Карачиќ добива баџанак – и Дисингер ќе стане македонски зет (ФОТО)

Германскиот ракометар Кристијан Дисингер ќе стане македонски зет, откако ја побара раката на долгогодишната девојка Марија Андоновска.

Левиот бек доби потврден одговор од Андоновска на прашањето дали ќе му стане сопруга и се пофали на социјалните мрежи.

Дисингер ќе му стане баџанак на Игор Карачиќ, кој веќе е во брак со сестрата близначка на Марија, Душица.

Германецот Дисингер во Вардар мина три сезони, а од оваа сезона е член на романскиот шампион Динамо Букурешт.