Каралек: Верувам дека нашиот претседател ќе најде нов спонзор!

Веќе добро е познато дека Келце се соочува со големи финансиски проблеми и доведена е во опасност иднината на клубот.

Голем дел од актуелните ракометари на клубот имаат долгорочни договори, но лесно може да се случи на лето сите да имаат нови ангажмани. Прв на листата за заминување е пивото Артем Каралек, кој е посакуван од Барселона.

Искусниот кружен напаѓач, кој на минатиот Ф4 турнир во Лигата на шампионите беше прогласен за МВП, истакна дека атмосферата во послкиот шампион е на високо ниво и се надева дека клубот ќе ги реши финансиските проблеми.

,,Тука сум веќе пет сезони и можам да кажам дека оваа ситуација не се случува по првпат.Што се однесува до мене, ова е уште еден предизвик за Бертус Сервас да реши таков проблем. Верувам во него дека ќе најде нов голем спонзор кој ќе не поддржи. Сите играчи остануваме смирени. Првиот човек на клубот ни вети дека во следниот период ќе се знаат повеќе информации. Сега за сега сме фокусирани на тренинзите, изјави Артем Каралек за Радио Келце.

Избраниците на Талант Душебаев веќе на 2 февруари ги очекува домашен натпревар со тимот на Пјотрковија. До тој период треба да се знае целата финансиска ситуација во полскиот шампион.