Канаје: Вардар заслужено победи, ние постојано бркавме резултат

Вардар одигра фантастичен натпревар и славеше на гостувањето кај водечкиот Монпелје. Французите иако беа големи фаворити на овој дуел загубија со 25:28 во 11. коло од Лигата на шампионите.

Тренерот на Монпелје, Патрис Канаје после натпреварот го призна поразот и истакна дека противникот заслужено ги освои бодовите.

„Честитки за Вардар за победата, таа е сосема заслужена. Ние бркавме резултат од почетокот и имавме тежок старт. Потоа ни се случија неколку повреди кои ни направија проблем и ни беше многу тешко да играме. Ако го погледнеме целиот дуел, морам да истакнам дека победата на противникот е повеќе од заслужена“, изјави Канаје.

Монпелје пред овој дуел беше на врвот на табелата, но после ова коло Алборг ќе биде новиот лидер кој го совлада Мешков Брест и го презема првото место.