Камерун без сили за сензација, Ангола е африкански првак

Женската репрезентација на Ангола ја освои титулата на африканскиот шампионат. Без многу проблеми, Ангола во финалето беше убедлива против Камерун со 25:15.

Од шампионатот на Африка првите четири најдобро рангирани репрезентации обезбедуваат место на Светското првенство. Оваа година освен Ангола, место на Светското првенство во Шпанија 2021 обезбедија и Камерун, Тунис и Конго.

На полувреме, Ангола имаше предност од седум гола, 14:7. Вториот дел беше само формалност и потврда на квалитетот од страна на репрезентативките на Ангола.

Третото место, односно бронзениот медал го освои репрезентацијата на Тунис која беше подобра од Конго со 22:17. Ангола од 1998 година целосно владее во женскиот африкански ракомет и ниту една репрезентација не успеа да ја симне од африканскиот трон.