Камбек на Алиловиќ, ќе брани за Хрватска во главната фаза на ЕП

Ситуацијата со позитивни играчи во репрезентациите на Европското првенство се менува од минута во минута, а најнова вест е дека селекторот на хрватската репрезентација, Хрвоје Хорват, одлучил да повика уште еден ракометар за натпреварите од главната фаза, пренесува „Index.hr”.

На новите тестирања во репрезентацијата на Хрватска позитивен беше голманот Мате Шуњиќ и пикерот Никола Граховац. Пред извесен период позитивен беше третиот голман на Хрватите, Матеј Мандиќ.

Хорват за натпреварите од главната фаза сакал да го повика Мирко Алиловиќ или Марин Шего. Сепак, одлуката паднала на Алиловиќ кој игра во Унгарија и може веднаш да се приклучи. Ваквата одлука е големо изненадување со оглед на тоа што голманот на ПИК Сегед се повлече од репрезентативниот дрес пред четири години.

Во Хрватска на трите натпревари од групната фаза на располагање беа двајцата голмани, Иван Пешиќ и Мате Шуњиќ.

За натпреварот против Украина во рамките од групната фаза на ЕП, дополнително беше повикан еден од најдобрите дефанзивци, Јаков Гојун, кој исто така пред четири години се збогува од репрезентацијата на Хрватска. Освен Алиловиќ, за главната фаза дополнително беа повикани уште неколку ракометари меѓу кои и десниот бек од Еурофарм Пелистер, Матео Мараш.

Хрватска се пласира во главната рунда и таму ќе игра против Црна Гора, Данска, Исланд и Холандија.