Камбекот во елитата го прославија на базен (ФОТО)

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода оваа сезона успеа да се пласира на третото место во прволигашкиот плеј-оф.

Тоа беше доволно по една сезона пауза, тимот предводен од Горан Печенковски и Игор Илиевски, да направи камбек во суперлигашкото друштво.

Прославата за пласманот во елитата беше покрај базен, а покрај играчите, дел од неа беше и раководството на Јуниор КВ.

Тимот од Кисела Вода со 13 победи и пет порази и само бод помалку од второпласираниот Голден Арт, 39, успеа да одговори на предизвикот и да се врати во суперлигашкото друштво.