Калуѓеровиќ: Металург е име во Европа, секој знае за овој тим

Црногорскиот интернационалец Василије Калуѓеровиќ ќе дебитира за тимот на Металург на мечот со Висла Плоцк.

Левиот бек вели дека му е чест што ќе дебитира за тимот од Автокоманда и ветува дека ќе даде максимум.

„Голем проблем е тоа што не сме сите комплетни и што ги имаме сите тие проблеми со короната. Тоа многу ни одмага, но се надевам дека денес ќе имаме подобра игра и дека ќе и помогнам на екипата да избориме подобар резултат. Тешко е да се одигра цел натпреавр само со седум играчи без замена. Многу е тешко да се патува и да се игра, згора на тоа, но сепак, треба да се издржат овие два натпревари во три дена. За мене е чест што ќе дебитирам за Металург и ќе дадам максимум за играта да биде што подобра“, вели Калуѓеровиќ.

Тој откри зошто го одбрал Металург за следна станица во неговата кариера.

„Кратко време сум заедно со тимот, но мислам дека брзо ќе се вклопам. Би сакал сезонава да направиме успех во домашното првенство. Во Металург сепак има играчи кои одиграле многу натпревари, има искуство има сè. Јас се надевам дека во домашното првенство може да направиме некој позабележителен успех. Се одлучив да дојдам во Металург и среќен сум поради тоа. Пресудно беше тоа што Металург игра во Европската лига. Металург е име во Европа, секој знае за Металург. Во овој момент ме интересира тоа да играм, да имаме добри натпревари во Европската лига и се разбира потоа и во домашното првенство, што е најважно“, заврши Калуѓеровиќ.

Натпреварот меѓу Висла Плоцк и Металург се игра вечерва со почеток во 18:45 часот.