Калеб се пошегува со хрватските ракометари: Знам дека сакате жени, ама сега на сите би ви го…(ФОТО)

Хрватска славеше над Германија со 25-24 во второто коло од главната рунда на ЕП и обезбеди сигурно место во полуфиналето.

Победничкиот гол беше дело на Игор Карачиќ на минута и пол до крајот, а потоа и одбраната на Шего ги оддалечи Германците од реми.

„Коцкестите“ се вратија од минус пет, па затоа еуфоријата по победата беше голема меѓу навивачите и играчите.

Некои плачеа, некои пееја. Во транс беше и легендарниот Никша Калеб, кој во Виена работи како стручен коментатор на РТЛ ТВ која ги пренесува средбите од ЕП.

Погледнете како тој се пошегува со хрватските ракометари…