Калајџиески најдобар стрелец против Шкофлица

Кадетскиот репрезентативец Мирче Калајџиески ја продолжува одличната форма во која игра од стартот на оваа сезона.

Средниот бек беше најдобар стрелец во неговиот тим Херц Шмартно на последниот натпревар од Втората лига на Словенија.

Херц Шмартно загуби од Шкофлица со еден гол, 26-25, иако по првиот дел водеше со три погодоци, 14-11.

Четири од петте гола, македонскиот репрезентативец ги постигна во вториот дел, но ниту тоа не беше доволно неговиот тим да се врати со позитивен резултат од ова гостување.