Калараш им приреди шок на Марсениќ и Милосављев (ВИДЕО)

Тимот на Мелсунген направи мало изненадување, откако успеа да триумфира на гостувањето кај Фуксе Берлин со 28-29 во натпревар од 13 коло во Бундес лигата и наптревар од кои беа дел четворца некогашни членови на „црвено-црното“ семејство.

Стрелец на победничкиот погодок за Мелсунген кој е предводен од Роберто Парондо, беше рускиот интернационалец Глеб Калараш.

Пикерот беше и најдобриот стрелец кај Мелсунген со шест гола, а на спротивната страна Мијајло Марсениќ имаше три гола, додека Дејан Милосављев собра десет одбрани, но не можеше ништо да стори во последните секунди при обидот на Калараш.

Мелсунген сега се доближи кон местата што водат во Европа, има 20 бода по 18 меча, што на пример е само осум помалку од второпласираниот Кил, кој има 28.

Погледнете го победничкиот гол на Калараш…