Калараш ги намести „нишаните“ за Порто – се релаксираше покрај Атланскиот Океан (ФОТО)

Ракометарите на Вардар ги очекува тежок натпревар на гостувањето кај Порто во претпоследниот натпревар од Лигата на шампионите.

За да избегнат долго чекање на европските аеродроми, со оглед на тоа што нема директен лет од Скопје до Порто, вардараци за овој португалски град заминаа вчера преку Виена.

Денеска имаа шанса да се уверат во убавините на Порто и се релаксираа на брегот на Атланскиот Океан, а рускиот репрезентативец Глеб Калараш сподели фотографии на социјалните мрежи.

Натпреварот меѓу Порто и Вардар се игра утре во „Драгао Арена“ со почеток во 16:00 часот.