Калараш ги користи последните денови од одморот – ужива во македонскиот „Сен Тропе“ (ФОТО)

Со оглед на затворените граници, рускиот репрезентативец Глеб Калараш се реши да го мине одморот во Македонија.

Последните денови пред стартот на подготовките за новата сезона, Калараш и неговата понежна половина ги запознаа убавините на Охрид.

Тој и сопругата Марина беа во Трпејца, односно македонскиот „Сен Тропе“, популарниот „Залив на коските“ и се пофалија на социјалните мрежи.