Како ќе изгледа Вардар: Борко Ристовски тренер на голмани, доаѓа пивотот Милан Лазаревски

На денешната прес-конференција претседателот на Вардар, Михајло Михајловски го откри тимот што ќе настапува следната сезона во домашниот шампионат и во регионалната СЕХА лига.

Борко Ристовски ќе биде тренер на голманите, а голманскиот пар ќе го сочинуваат Васил Гогов и Мартин Томовски, иако вториот треба да го потврди останувањето. Искусниот Ристовски ќе биде во комбинација ако биде потребно.

Засилување ќе биде пивотот Милан Лазаревски, а од позајмица во Катар се враќа Стефан Атанасовски.

Тимур Дибиров исто така треба да го потврди останувањето, а доколку се случи тоа, ќе замине Полјакот Чувара и ќе биде ангажирано македонско крило.

Состав на Вардар за сезоната 2022/23:

Голмани: Мартин Томовски и Васил Гогов, Ристовски тренер на голмани
Десни крила: Гоце Георгиевски, Ален Ќосевски, Дарко Ѓукиќ
Десни бекови: Куни Моралес, Давид Савревски
Среден бек: Мартин Карапалевски, Стефан Додиќ (ако добие дозвола од Келце), ако не ќе дојде нов среден бек, Анте Гаџа (се враќа во декември)
Леви бекови: Филип Талески, Марко Мишевски
Леви крила: Тимур Дибиров (ако остане Дибиров, заминува Чувара) и ќе дојде македонско лево крило
Пивоти: Столе Стоилов, Стефан Атанасовски, Милан Лазаревски
Стручен штаб: тренер Владо Недановски, асистент тренер Стојан Петрушевски