Халгримсон правеше чуда на голот – како ги откажа „зебрите“ и му донесе триумф на Нант (ВИДЕО)

Нант ги одбрани бодовите на домашен терен во дерби дуелот од Лигата на шампионите против германскиот вицепрвак Кил, откако го совлада со 38-30 (20-15).

Во интересен натпревар кој го судеше македонската судиска двојка Начевски-Николов, победи екипата која имаше поголем фокус и дисциплина во нападите.

Еден од најзаслужните за победата на Нант, кој играше без Ејмерик Мин, беше исландскиот репрезентативен голман Виктор Халгримсон.

Исланѓанецот во дуелот со Кил бранеше во одлична форма и натпреварот го заврши со 15 одбранети удари и заслужено беше прогласен за МВП на 5. коло од ЛШ.

 

ТУКА може да ги погледнете најдобрите голови во 5. коло од најквалитетното европско натпреварување.

Бескомпромисна, доминантна победа за Французите: Големиот Кил ја наведна главата пред Нант!