Како Ристовска и колешките ја прославија титулата – Место водка се напија пиво (ФОТО)

Екипата на ЦСКА Москва за која настапува македонската репрезентативка, Сара Ристовска ја освои титулата во првенството на Русија откако беше надигран тимот на Ростов Дон. После ова заслужено можеше да се прослави трофејот и полека да почнат подготовките за Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Сепак, прославата не беше карактеристична за Русија бидејќи обично таму се слави со водка.

Овој пат ракометарките на ЦСКА Москва славеа со пиво, а тоа го објасни ракометарката од Данска.

„Како ја прославивме победата? И во Русија има пиво. Отидовме во ресторан и вечеравме убаво. И тогаш ни беше дозволено сè и можевме да славиме. Сите сме одлично свесни дека имавме само една недела до викендот“, изјавува ракометарката од Данска, Катрин Хајндал.

Таа додава и како беше формиран клубот кој успеа да дојде до првиот трофеј во шампионатот на Русија.

„ЦСКА Москва беше создадена да влезе во првите три во првата сезона, да ја освои шампионската титула во втората и Лигата на шампионите во третата сезона. Нема сомнение дека шампионатот на Русија е многу важен за клубот. Секој ден на тренинг дознаваме дека мора да победиме, па затоа работиме на многу високо ниво“, вели Катрин Хајндал.

Тимот на ЦСКА Москва успеа да се избори за трофејот вчера откако во двобојот со Ростов Дон имаше подобар резултат, а со тоа и сезонава си го потврди местото за следната сезона во Лигата на шампионите.