Како изгледа кога Арпад Штербик е тренер на голмани (ВИДЕО)

Легендата на голманската позиција, Арпад Штербик после неверојатно богатата кариера од оваа сезона е со нова улога во тимот на Веспрем. Одлучи да стави крај на кариерата, па продолжува како тренер на голманите во шампионот на Унгарија.

Тој веќе почна да ја извршува својата нова задача и да ги тренира голманите на Веспрем. Коралес, Цупара и Шекели се под негово раководство и може да се види дека одлично си ги исполнуваат задачите.

На Штербик е да покаже дека како што беше успешен како играч може да биде успешен и како тренер.