Како во Богданци се реализира тренинг според протоколите за Ковид-19 (ФOTO)

Во екипата на Младост Богданци задачите на почетокот на подготовките се извршуваат според планот и според протоколот. Сите се на тренинг, но се работи според она што е предвидено во протоколот за тренинзи.

Откако беа одработени неколку тренинзи на отворено и беше заршена таа фаза сега следува делот од подготовките кога треба да се влезе во сала.

Практично веќе е почнато со тој дел и почнаа тренинзите во сала, а ракометарите ги почитуваат правилата.

При влез во салата прво се врши дезинфекција на патиките, потоа на рацете и се мери температура. Тоа е процедурата што секој мора да ја помине пред да се влезе на тренинг и да се почне со одработување на задачите.

Како изгледаше еден ваков тренинг во Богданци може да се види од фотографиите во продолжение.