Кога баба ќе преземе сè во свои раце: Му подари риба на тренерот на внуката, сега тој е на потег (ФОТО)

Кога е во прашање место во поставата на тимот некогаш не се бираат средства, а таква е ситуацијата и со една од ракометарките на Ростов Дон од Русија.

Ракометарката Милана Таженова е во втор план кај тренерот Пер Јохансон, па затоа нејзината баба одлучи да ги преземе работите во свои раце.

Таа му однесе подарок на тренерот, а се работеше за рибата Астрахан.

„Мислеше дека изгледам изнемоштено. Затоа ми подари голема риба позната како Астрахан“, напиша Пер Јохансон на Твитер.

Дали имало покрај ова и разговор нејзината внука да добие повеќе минутажа на теренот останува тајна, но штом има подарок сигурно имало и нешто поради кое бабичката се решила на ваков чекор.