Кадетски репрезентативец пристигна во Битола!

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Мирче Калајџиески, е најновото засилување во тимот на Еурофарм Пелистер 2.

Перспективниот ракометар, кој игра на позиција среден бек, редовите на вториот тим на македонскиот шампион ги засили од словенечкиот прволигаш Херц Шмартно каде што играше минатата сезона.

Стружанецот беше дел и од суперлигаш Слован и со своето стекнато интернационално искуство се очекува да биде големо освежување во ростерот на Михаил Петровски.

Калајџиеско е третото засилување во младиот тим од Битола. Претходно Еурофарм Пелистер 2 ги доведе Петар Маркоски од Струга и Стефан Трпчевски од шпанскиот Бургос.

Еурофарм Пелистер 2 во новата сезона од Супер лигата за ривали ги има Алкалоид, Тиквеш, Струга, Охрид, Куманово, Скопје и дебитантот Аеродром.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!