Кадетски репрезентативец го засили Бутел Скопје

Кадетскиот репрезентативец Дамјан Георгиев е нов ракометар на Бутел Скопје откако потпиша договор на три сезони.

Десното крило, кое одлично се снаоѓа и на позицијата десен бек, доаѓа од тимот на Пролет, со кој настапи на завршниот турнир во Богданци за младинци.

По одлични партии таму, Георгиев (беше прогласен за најдобро десно крило и влезе во идеалниот тим на турнирот.

Георгиев е првиот нов ракометар во составот на Бутел Скопје, а досега заминаа четворица ракометари и тренерот Кристијан Грчевски.

Бутел го назначи Горан Кузманоски за нов стратег, а ги продолжи соработките со средниот бек Ѓоргиевски, голманот Блажески и десниот бек Давитковски.