Кадетките ќе играат во централниот вечерен термин на СП

На 30 јули ќе стартува Светското првенство во кадетска женска конкуренција во Македонија, кое за првпат се игра со 32 селекции.

Познат е комплетниот распоред на кадетскиот мундијал, а нашите репрезентативки трите меча од групната фаза ќе ги играат во централниот вечерен термин.

Натпреварите против Сенегал, Узбекистан и Иран, избраничките на Љубомир Савевски ќе ги играат од 20:30 часот.

По двата меча на 30 и 31 јули, Македонија ќе биде слободна на 1 август, додека на 2 август ќе го одигра последниот меч од групната фаза.

Нашите ракометарки сите натпревари од групата ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“, додека натпревари од СП ќе се играат и во двете сали во СЦ „Јане Сандански“.

СП кадетки, распоред на натпревари:

30/7, 20:30, Македонија – Сенегал
31/7, 20:30, Македонија – Узбекистан
2/8, 20:30, Македонија – Иран