Кадетките на ЕХФ шампионат во Литванија, младинките ќе бидат домаќинки во Скопје

Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за групите од Европските првенства и ЕХФ шампионатите за кадетки и младинки претстојните лета.

Младинската женска репрезентација ќе биде домаќин на ЕХФ шампионатот и ќе има право да ја избере групата во која ќе игра. Јасно е дека дека нема да се соочиме со Белорусија, која со Македонија се најде во третиот шешир.

ЕХФ Шампионат (У19) – Македонија (8-15 јули)
шешир 1: Холандија, Исланд
шешир 2: Полска, Фарски Острови
шешир 3: Белорусија, Македонија
шешир 4: Финска, Косово
шешир 5: Босна и Херцеговина, Велика Британија

Кадетската женска репрезентација ќе настапува на ЕХФ шампионат во Литванија, во градот Клаипеда. Македонија се најде во третиот шешир заедно со Белорусија, која нема да ни биде ривал во групната фаза. По групната фаза ќе се играат натпреварите за пласман, а доколку Македонија се пласира во финалето, ќе обезбеди место и за кадетките и за младинките ранг погоре, на следното ЕП, како и на следното СП во кадетска конкуренција.

ЕХФ Шампионат (У17) – Литванија (7-15 август)
шешир 1: Шпанија, Србија
шешир 2: Полска, Литванија
шешир 3: Белорусија, Македонија
шешир 4: Турција, Финска
шешри 5: Летонија, Косово
шешир 6: Велика Британија

Ждрепката за ЕП и за ЕХФ шампионатите ќе се одржи на 10 февруари од 11:00 часот.