Кадетите почнаа со втората фаза на мундијалски подготовки, следуваат две средби со Унгарија

Откако беше одработена првата фаза од подготовките во Маврово, машката кадетска репрезентација на Македонија по краткиот одмор одново е на собир.

Избраниците на Раде Стојановиќ и стручниот штаб во кој се Наум Танески, Бранко Ангеловски и Ице Соколески, почнаа со втората фаза од подготовките за кадетскиот Мундијал во Хрватска.

По тренинзите оваа недела, следува пат до Унгарија, каде ќе бидат одиграни две пријателски средби со силен ривал.

Натпреварите се на програмата на 14 и 15 јули, а по нив ќе следува третата фаза и финалните подготовки за Светското првенство и патот за Ријека.

Ривали на Македонија на Мундијалот ќе бидат селекциите на Норвешка, Црна Гора и Грузија, а првиот меч е против скандинавскиот ривал на 2 август.