Кадетите подготвени за контрола, утре и задутре ќе ги одмерат силите со Италија

Машката кадетска репрезентација на Македонија ги одработува тренинзите пред ЕХФ шампионатот на кој ќе биде домаќин во текот на следниот месец, а утре и задутре следуваат првите контролни натпревари.

Гостин во Охрид ќе биде селекцијата на Италија, која за 24 Ракомет и беше најавена од страна на селекторот Кирил Лазаров. Следуваат две контролни средби на кои кадетите ќе треба да го покажат најдоброто односно да го потврдат на терен она што го работеле на тренинзите.

Италија доаѓа со ракометари кои настапуваат исклучиво во домашното првенство, а се подготвуваат за настап на Европското првенство во Хрватска. За нив е исто така ова добар тест и секако следуваат два возбудливи натпревари.

Покрај дуелите со Италија за кадетите следуваат и два натпревари против Црна Гора, но тие во следните денови. Црногорците исто така доаѓаат во Македонија на контрола.