Кадетите на Куманово на силен турнир во Бања Лука

Кадетската екипа на Куманово в четврток ќе замине за Република Српска каде што во периодот од 16 до 18 јуни ќе учествува на меѓународниот турнир „Трофеј Бања Лука“.

На второто издание на меѓународниот турнир „Трофеј Бања Лука“ ќе учествуваат машки и женски екипи од екс-ју просторите.

Покрај Куманово, интернационални учесници во машка конкуренција ќе бидат Ајдовчина од Словенија и Нова Градишка од Хрватска.

На турнирот во Бања Лука ќе настапат голем број босански екипи како Борац, Маглај, Котор Варош, Крајина, РК Босна…

Кадетскиот тим на Куманово во изминатата сезона стигна до четвртфиналето во својата конкуренција, а дел од ракометарите покажаа голем потенцијал за во иднина.