Кадетите ги дознаа ривалите, на домашен терен ќе бркаат ЕХФ ЕУРО! (ФОТО)

Машката кадетска репрезентација ги доби противниците на ЕХФ шампионатот што ќе се одржи во Скопје наредната година.

Кадетите ќе бидат дел од групата А заедно со уште три селекции – Полска, Естонија и Грција. Најголем ривал се чини ќе ни биде Полска, а во групата Б тоа се Швајцарија и Украина.

Доколку го освојат овој шампионат, кадетите ќе обезбедат пласман за својата генерација на младинското ЕП во 2022 година, а нивните наследници исто така ќе играат на ЕХФ Еуро во 2022.

ЕХФ шампионатот ќе се игра од 13 до 20 август во Скопје.