Кавтичник останува во Франција, но го менува клубот

Претседателот на Ним ги покани медиумите на прес конференција на која и офцијално ќе го претстави најновото засилување на својот тим. Се работи за словенечкиот интернационалец Вид Кавтичник кој ќе се приклучи на тимот од следната сезона.

Кавтичник има 35 години и со своето искуство може многу да придонесе за екипата. Тој го напушта Екс по само една сезона. Словенецот во Ним ќе се приклучи на уште еден поранешен играч на Монпелје, а тоа е Михаел Гигу кој минатата сезона се пресели во Ним.

Кавтичник преку Горење и Кил пристигна во Монпелје каде што помина десет години. Тој останува во француското првенство, а договорот со Ним ќе биде со важност од една година. Се очекува Кавтичник да биде големо засилување на десната бековска позиција.