Кавгата меѓу великаните продолжува: Пик Сегед бара казна за Наѓ

Tимовите на Пик Сегед и Веспрем продолжуаат со кавгата, а најновата ситуација е поврзана со спортскиот директор на вицешампионот, Ласло Наѓ.

Од Пик Сегед побараа од Ракометната федерација на Унгарија да поведе постапка. Причината е во моментот што Ласло Наѓ се обидел да разговара со ракометарот на Пик Сегед, Рихард Бодо и да му даде понуда за да се пресели во Веспрем. Тоа се случило на само два дена пред одигрувањето на клучниот натпревар после кој составот од Сегед дојде до титулата.

„Ласло Наѓ никогаш не ги негираше обвинувањата, а Ракометната федерација на Унгарија воопшто не реагираше. Ова предизвика големо незадоволство за нашите навивачи и целата ракометна заедница. Сега целиот процес е само во медиумите и ние сакаме да спроведеме цела официјална постапка“, вели Ерно Сик, директор на Пик Сегед.

Дефинитивно ова ќе има продолжение односно целата ситуација ќе добие разврска на зелената маса.

Се скараа Веспрем и ПИК Сегед