И тоа се случува: „Непослушниот банер“ го прекина интервјуто (ВИДЕО)

Ракометарот на Кил и на репрезентацијата на Словенија, Миха Зарабец при собирот на националниот тим имаше свое интервју.

Сепак, не успеа да го даде одговорот ниту на првото прашање бидејќи имаше неочекуван момент.

Паното во позадина со спонзорите на Ракометната федерација на Словенија се сруши над главата на Зарабец, но немаше повреда со оглед на тоа што се работи за материјал од кој не може да дојде до повредување.