И Спартак се израдува на бодови

Ракометарките на Спартак дојдоа до прва пoбеда сезонава и тоа на гостувањето кај тимот на Ѓорче Петров со 36:22.

Во натпревар во кој имаше интересен почеток, со водство на домашните работите се сменија како почна да одминува времето односно како се доближуваше крајот на првите 30 минути. После средината на првиот дел од средбата почна далеку добра игра од гостинките, а тие имаа далеку подобра завршница на првото полувреме за водство од 17:11 на паузата.

Вториот дел од средбата почна со далеку поголема доминација на гостинките кои полека, но сигурно ја зголемуваа предноста. Домашните не можеа да следат, па не беше никаков проблем до крајот да се обезбеди предност од дури 14 гола за конечни 36:22.

Мартина Стефановска со девет гола, Ана Марија Коларовска со осум и Симона Василева со шест погодоци беа најефикасните во редовите на тимот на Спартак во оваа победа. Во Ѓорче Петров пет гола постигна Ангела Цветановска додека четири имаше Тамара Србиновска.