И сино и зелено: Еурофарм Пелистер ги претстави дресовите за новата сезона (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Пелистер се подготвува максимално сериозно за новата сезона, а пред собирот кој е најавен за в понеделник денеска беше објавено видео во кое може да се види опремата во која тимот ќе настапува во новата 2020/21.

Еурофарм Пелистер во новиот шампионат ќе има три гарнитури, а покрај сината и белата кои беа актуелни и во минатата сезона, сега ракометарите на тимот од Битола ќе носат и дресови со зелена боја така што ова сигурно ќе наиде на одобрување кај битолчани.

Како изгледа новата опрема можете да видите во видеото во продолжение.