ТОТАЛЕН КОЛАПС: Шведска стави крај, Турција и Русија ги одложија шампионатите на неодредено!

Србија, Турција, Украина, Русија и Шведска во текот на изминатиот викенд беа земјите во кои се играше ракомет.

Откако сите други држави ги стопираа ракометните активности (некои на до средината на април, некои на неодредено), на истиот чекор вчера се реши и Србија, а денеска тоа го направија уште четири федерации

Шведската ракометна федерација означи крај на првенството, а наскоро ќе бидат познати патниците во европските купови и шампионите, додека Украина и Русија ги суспендираа шампионатите на неодредено време.

Турците пак ги стопираа ракометните активности до крајот на април.